Парична награда за пожарникарите од Кавадарци кои беа во спасувачка мисија во Турција

Парична награда за пожарникарите од Кавадарци кои беа во спасувачка мисија во Турција
 
Денес Општина Кавадарци по одлука на Совет, на иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Совет д-р Стојанче Рамов, ќе им исплати парична награда во висина од 30.000 денари на деветтемина пожарникари за вонредно залагање и постигнати исклучителни резултати во работење – информираат од локалната самоуправа и додаваат дека овие деветмина пожарникари без размислување заминаа во спасувачка мисија во регионот погоден од катастрофалниот земјотрес во Република Турција. 
 
 
„Момци уште еднаш ви благодариме за вашиот труд и пожртвуваност, што достојно ја претставивте нашата општина и вредностите на солидарност и хуманост, постапувајќи со професионализам помагајќи на нашите пријателски народи кога е тоа најпотребно“ им порачаа на пожарникарите од општина Кавадарци.