Во средина на февруари Кавадарци ја пушта во работа петата мини хидроцентрала

Во средина на февруари над резервоарите за вода за пиење во Кавадарци ќе биде ставена во функција петата мини хидроцентрала на ЈП Комуналец со капацитет од 250 кв/час . Вo време на енергетска криза овој објект е големо значење.

 

Инвестицијата чини 20 милиони денари, а од општината кога стартуваа градежните работи рекоа дека   истата ќе биде вратена за најмногу четири години, а благодет ќе имаат покрај ЈП Комуналец и граѓаните.

 

Првично оваа централа требаше да се гради преку јавно приватно партнерство, но ваквата одлука ја промени претходниот состав на советот на предлог на градоначалникот Митко Јанчев и истата се гради со средства на ЈП Комуналец.

 

A.Д