Кавадаречкиот совет утре ќе ја одржи шестата редовна седница

Кавадаречкиот совет утре ќе ја одржи шестата редовна седница

Утре ќе заседава советот на општина Кавадарци. Ќе ја одржи шестата редовна седница, а пред советниците се наоѓа дневен ред со триесетина извештаи, програми и одлуки.

 

Ќе се разгледува кварталниот извештај за извршувањето на општинскиот буџет во четвртиот квартал од минатата година, програмата за активностите на општината во областа млади и спорт за 2022 година како и измените и дополнувањата на програмите за локален економски развој и за изработка и донесување на урбанистички планови.

 

Пред советниците е и одлуката за уредување и опремување на детски игралишта,  програмата за активностите на општина Кавадарци во промоција на комуникација со јавноста во тековната година. Ќе се именуваат членови во управниот и надзорниот одбор на ЈП „Јасмин“ .

 

Ќе се разгледуваат  извештаите  за реализацијата на програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта во општината минатата година, за реализација на програмата за новата година и извештајот за работењето на општинскиот совет за превенција против малолетничка деликвенција.

На дневен ред се и информации за работењето на ЈП Комуналец.

А.Д