
Врз основа на одлука на Влада од 28 декември 2021 година, на општина Росоман и се доделени финансиски средства во износ од 8.959.000 денари наменети за исплата на штети од елементарни непогоди – мраз, слана и град, кои ја зафатија територијата на општина Росоман во 2020 година.
Општина Росоман вчера ги префрли средствата на сметките на оштетените земјоделци кои во текот на 2020 година до Комисијата за проценка ја пријавија настанатата штета, информира локалната самоуправа.