УХМР: Од утре дожд, снег и заладување

Под влијание на влажен бран, од утре до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег.

 

Повремено врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30л/м2).

 

На планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, кој во недела во текот на денот ќе го промени правецот во северен.