Нови успеси на каратистите од КК „Сансаи Метал Апостолов“

Нови успеси на каратистите од КК „Сансаи Метал Апостолов“
Карате клубот „Сансаи Метал Апостолов“ учествуваше на првото „он лајн„ првенство за деца до 15 години во дисцилината кати во машка и женска конкуренција. На натреварот учество земаа 89 натпреварувачи од 16 клубови од Македонија.
 
 
Натпреварот беше организиран согласно стандардите на Светската Карате федерација и пропишаните мерки од страна на Министерството за здравство. Изведбите на кати беа на отворен простор, домашни услови, со запазување и одржување на социјална дистанца во време на пандемија од коронавирусот.
 
 
Карате клубот Сансаи Метал Апостолов освои 3 златни, 2 сребрени и 4 бронзени медали.
 
 
Резултати:
Златни медали:
1. Кристијан Митрев – кати машки 13 години.
2. Филип Јанчев – кати машки 10 години.
3. Тамара Ристовска – ката женски 12 години.
 
 
Сребрени медали:
1. Данка Стојкова – кати женски 14 години
2. Мартин Прстенков – кати машки 13 години.
 
 
Бронзени медали:
1. Саша Огњеновиќ – кати машки 10 години.
2. Мартин Костов – кати машки 13 години.
3. Матеа Божиноска – кати женски 10 години
4. Стефан Тодороски – ката машки 11 години.