„Боите на небото, водата и земјата во Тиквешијата“ нова самостојна изложба на Владимир Темов во Неготино

„Боите на небото, водата и земјата во Тиквешијата“ нова самостојна изложба на Владимир Темов во Неготино

Во изложбениот салон на Музејот на град Неготино синоќа беше отворена  самостојна изложба на ликовниот уметник Владимир Темков од Кавадарци. Изложбата е насловена „Боите на небото, водата и земјата во Тиквешијата“.

 

Содржани се 35 дела работени во акрил на платно и лесонит а се создадени во оваа 2020 година и се дел од проектот „Остани дома“ во кој авторот беше исклучително плоден на полето на уметноста.

 

Изложбата беше отворена според протоколите за работа и пропишаните мерки за заштита и превенција во време на COVID – 19.

 

Во овој период на пандемија ликовниот уметник Владимир Темков реализира неколку онлајн групни изложби од меѓународен карактер, меѓу кои најзначајни за него се изложувањето во МОМА – САД, потоа во Пакистан една од најголемите изложби со наслов „Јас сум Артист“ каде што има забележителен успех, двете големи изложби во Едрене и Истамбул – Турција, Во Милано и во Црна Гора и Албанија.

 

А.Д