Кавадарчанец позитивен на Ковид 19

Кавадарчанец позитивен на Ковид 19

После неколку дена без нови дијагностицирани со корона вирус во Кавадарци, денеска е откриен нов случај, потврдија од Центарот за јавно здравје. Станува збор за 32 годишен кавадарчанец, фудбалер во фудбалски клуб во Росоман.

 

„Тестирани се сите фудбалери во клубот, позитивен е само 32 годишниот кавадарчанец. Тој е на домашно лекување“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Во моментов се работи на утврдување на неговите контакти. 

 

Во Кавадарци од почетокот на епидемијата со Ковид 19 има дијагностицирано вкупно  22 лица, активни се 16 случаи.

 

А.Д