
Заради спречување на било каква инфекција и заради намалување на ризикот за ширење на вирусот COVID 19, Основниот суд Кавадарци, обезбеди за странките целосна заштита со поставување на плексиглас – паравани во судниците на судот каде непречено ќе се одвиваат сите судења, информираа денеска од судот.
Исто така, од таму најавија дека од вторник се започнува со редовни судења.