Санација на полски патишта и хортикултурно уредување во Кавадарци и на градскиот стадион

Од прес службата на општина Кавадарци денеска информираа за повеќе активности кои се реализираат во општината.

 

Службите на ЈП Комуналец активно работат на хортикултурно уредување во град Кавадарци. Хортикултурно се уредува и градскиот фудбалски стадион покрај градежните активности. Утре се очекува да се започне со фарбање на оградата и трибините.

 

Континуирано се врши санирање на полски и локални патишта. Денес се санираат патишта во населба Голеш на Тиквешкото езеро.

 

Денес се работеше и на локален пат до с.Радња. Целата механизација и сите активности се донација од фирмата ЈА–МИ. Се работи на проширување, израмнување и тампонирање на локалниот пат до с.Радња – информираат од општината.