Осум лица на подрачјето на СВР Велес не ја почитувале забраната за движење

Осум лица на подрачјето на СВР Велес не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие,26/27.04.2020 година,на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес забраната за движење не ја почитувале осум лица, и тоа, четири во Велес, едно во Кавадарци и три во Неготино.  

 

 Во овој период нови лица се Решенија за изолација и со Изјава за самоизолација нема. Вкупно со Решение во изолација има 124 лице, од кои 96 во Велес, 12 во Кавадарци и 16 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 88, од кои 62 во Велес, 13 во Кавадарци и 13 во Неготино.

 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки – информираат од СВР Велес.