Од Центарот за јавно здравје Кавадарци информираат дека резултатите од последните земени мостри од водата за пиење од градскиот водовод Лукар, како физичко-хемиски, така и бактериолошки се испавни.

„Ова значи дека дадената препорака за задолжително провривање на водата пред употреба се укинува“ вели д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена во ЦЈЗ Кавадарци.
Поради наглото топење на снегот од Кожув и обилните врнежи кои ги имавме во минатиот период доведоа до заматување на водата за пиење, па од тие причини Центарот за јавно здравје издаде препорака за задолжително провривање на водата, која сега е укината.
А.Д
