(ВИДЕО) Ќе продолжи со работа пазарот во Кавадарци, се забранува издавање на викендици

Почнува со работа градскиот зелен пазар под строго контролирани услови. Се забранува издавање на викендици на граѓани од други градови. Дезинфекцијата на стамбените згради, институции и аеро дезинфекцијата продолжува и во наредниот период. Ова се дел од мерките и препораките на општинскиот кризен штаб за кои денеска на прес конференција информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.