За една недела 307 нови заболени од грип во Кавадарци

За една недела 307 нови заболени од грип во Кавадарци

307 случаи на заболени од грип во минатата недела се евидентирани во Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Ова е прво позначително зголемување на бројот на заболени од почетокот на сезоната, со што вкупниот број заболени е 517 лица.

 

Споредено со минатата година во овој период имало само 181 заболен.

 

„Најбројни меѓу заболените се лицата на возраст од 15 до 64 години, 136 болни. Од 5 до 14 години имаме 113 болни и од 0 до 4 години 47 случаи на грип. Најмалку заболени има во возрасната категорија над 65 години“ вели д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во кавадаречкиот центар за јавно здравје.

 

Тој додава дека најмал е бројот на заболени од возрасната група која е вакцинирана против грип. Пред почетокот на сезоната вакцина против ова вирусно заболување во Кавадарци примиле 872 лица.

 

Ангел Данов