Вујко нападнал дечко на негова внука во Неготино

Во текот на вчерашниот  околу 15.00 часот во Неготино на ул.„Мaршал Тито“, малолетничка и А.М.(19), со кого била во љубовна врска, биле пресретнати од страна на нејзиниот вујко Л.Т.(44) од Неготино, информираат од СВР Велес.

 

„Според пријавеното, тој со сила ја качил малолетната внука во својот автомобил и физички го нападнал А.М., бидејќи не ја одобрувал врската. Се работи на расчистување на случајот“ вели портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.