Јанчев: Се реализираат големи проекти во Кавадарци

Комуналната изградба во Општина Кавадарци се одвива со засилен
интензитет, за среќа и временските услови го дозволуваат тоа.

 

„Моментално се работи на неколку големи проекти кои се од
големо значење за нашата општина. Овие проекти граѓаните ги
бараа со години , но еве , најпосле изнајдовме начин и ресурси за
нивна реализација“ информираше денеска градоначалникот Митко Јанчев.