Бесплатна обука по информатика за деца од социјално ранливи семејства во Кавадарци

Бесплатна обука по информатика  за деца од социјално ранливи семејства во Кавадарци

Одлуката донесена на Совет за бесплатна обука по информатика, веќе се реализира. Обуката започна на 12.11. 2019 година и се опфатени деца од 5то и 9то одделение од социјално ранливи категории од ООУ Страшо Пинџур, ООУ Димката Ангелов Габерот Кавадарци и подрачното училиште во с.Сопот.

 

Истиот се одвива два пати неделно во кабинетот по информатика при ООУ Димката Ангелов Габерот Кавадарци во времетраење од еден работен час , а за учениците од с.Сопот во училиштето. Обуката е планирана да трае 28 часа, односно крајот на февруари или почетокот на март. Ментор на проектот е профeсор Гордана Мицева – информираат од локалната самоуправа.