Започна изградбата на скејт парк во Кавадарци

Започна изградбата на скејт парк во Кавадарци

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива, започна со реализација на проектот за изградба на „Скејт парк“. На површина од 770 квадратни метри, планирано е да се изгради бетонско плато со финална обработка до мазен сјај, за рекреација и забава на младите „скејтери“.

Со проектот се предвидува изградба заштитна ограда, како и поставување на 6 елементи и тоа: рампа (Bank Ramp), централен комбиниран елемент (Funbox + Grindbox 2/3 + rail 2/3), потоа Кутија за стругање (Grindbox 1), како и Кутија за стругање (Grindbox 2).
Од реквизитите кавадаречкиот скејт парк ќе има и Четвртина цевка (Quarter Pipe), Права шина профил (Straight rail profile), како и пропратна опрема: клупи за одмор и корпи за отпадоци.

Се предвидува и осветлување со рефлектори за користење на скејт паркот и во вечерни часови.