Продолжува акцијата за рушење на стари – склонопадни куќи

Од вчера во тек се активности за рушење на стари куќи кои претставуваат опасност за граѓаните, бидејќи се склони на паѓање.

 

Во Ваташа, општината и „Екстра бус“ започнаа со расчистување на  просротот и рушење на  старите куќи веднаш до училиштето „Димката Ангелов Габерот“.

 

Со оваа акција, велат од општината, се ослободува простор за изградба на спортска сала за потребите на училиштето.

 

Мехнаизацијата вчера работеше на рушење и на објект, поради проширување на ул. „Ферчо Поп-Ѓорѓиев“ на спојот со ул. „Илчо Димов“. На овој простор ќе се дооформува ново изградениот мост во Ваташа.