Денешната блокада на патот Прилеп – Градско од страна на фантомското здружение е уште еден неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ за манипулација на земјоделците – реагираат од СДСМ.
Денеска немаше никаков протест на лозари или овоштари туку очаен обид за искривување на реалноста од страна на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, донесен со автобуси пред Росоман, стои во соопштението.
Наместо лозари и овоштари на денешниот таканаречен протест беа присутни членови на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, пратеничката Весна Пемова секретарот на ОК Кавадарци, членови и претседателот на УМС Кавадарци, вработени во администрацијата, а предводени од претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски.

Пред почетокот на новата производствена сезона лозарите ги добија субвенциите за основната мерка за одржување на лозови насади. Се исплатија 9 милиони евра на 15.208 лозари.