Се реконструираа терените за рекреација на ЈП „Јасмин“

На иницијатива на тимот „Мој општинар“ и Градоначалникот Митко Јанчев се реализираше проект за подобрување на условите за рекреација на терените на ЈП „Јасмин“.

 

Преку донација беа префарбани трите кош конструкции каде се поставија 4 нови табли и шест обрачи со мрежи.

 

Донатор е општествено одговорната фирма „Метал Апостолов“ од Кавадарци, која донираше и една кош конструкција за Територијалната против пожарна единица од Кавадарци, бидејќи пожарникарите имаат задолжителна физичка подготовка – информираат од службата за односи со јавноста при општината.