Започнаа активностите за реконструкција на паркингот под хотел „Балкан“

Започнаа активностите за реконструкција на паркингот под хотел „Балкан“

Општина Кавадарци реализира нов комунален сообраќаен проект. Ангажираната фирма „Изолација“ започна со подготвителните работи за реконструкција и проширување на паркингот на улицата „Благој Крстиќ“ под хотел Балкан.

Градежната механизација денеска го отстрануваше стариот асфалт, работеше на расчистување натеренот, како и на нивелирање на улицата „Тошо Велков-Пепето“.


На овој простор со вкупна површина од 1850 м2 Општината ќе изгради нов паркинг, ќе асфалтира два крака од улицата „Тошо Велков-Пепето“, а ќе ги обнови и пристапните скали помеѓу хотелот и дуќаните кои водат од плоштадот до паркингот.


Со реализацијата на овој проект Општината Кавадарци ќе го подобри и зголеми капацитетот на јавниот паркинг простот, а воедно ќе урбанизира еден запуштен простор во најстрогиот центар на градот – информираат од локалната самоуправа.