Првата сезонска карта за натпреварите на ФК ТИКВЕШ ја купи Градоначалникот Митко Јанчев, информираа од службата за односи со јавност на неговиот фејсбук профилот.
„Сите заедно , преку купување на сезонски карти, да му помогнеме на нашиот клуб а во исто време и да уживаме во следењето на фудбалските натпревари“ – апелира Јанчев.
