Едукација на населението од ридско планинските села за намалување на заканите од шумски пожари

Едукација на населението од ридско планинските села за намалување на заканите од шумски пожари

Вработени во Подрачното Одделение за Заштита и Спасување Кавадарци во соработка со Гранична Полиција “ЈУГ“ , самостоен инспектор по превенција Стојанчо Ѓорѓиев , вчера спроведоа акција за информирање на месното населени во ридско планинските села во општина Кавадарци за намалување на заканите од пожари. Оваа активност е дел од националната кампања која ја има истата цел, а започна да се спроведува на 15 јуни и ќе трае до 15 август.

 

Со вчерашната акција беа опфатени жителите на селата Бојанчиште, Куманичево, Конопиште, Горна и Долна Бошава, Крњево и Страгово.

 

Целта на кампањата е едукација на месното население со начини на превентивно делување се со цел намалување на Заканите од шумски пожари.

 

Активноста на Подрачното Одделение за Заштита и Спасување Кавадарци во соработка со Гранична Полиција “ЈУГ“ опфати делење на прирачникот за намалување на заканите од пожари, како и лепење на брендирани постери на видни места во ридско планинските села во општина Кавадарци.