
Се известуваат жителите на Општина Кавадарци дека ќе има изменет режим на сообраќај во централното градско подрачје во деновите 15.06.2019 ( сабота ) и 16.06.2019 ( недела ).
Во сабота поради настанот #ВежбаОдлученУдар односно презентацијата на опрема и возила на армијата на РСМ и армијата на САД која ќе биде на градскиот плоштад во периодот од 16:30 до 21 часот ќе бидат затворени за сообраќај следните улици:
– ул.Тиквешко востание до ул.Миле В’чков
– ул.Илинденска делот од плоштадот до стара автобуска
-ул.Мито Хаџи – Василев Јасмин
– ул.7ми Септември.
Во недела поради вториот по ред Кавадаречки ноќен маратон, во периодот од 17 до 22 часот ќе бидат затворени за сообраќај следните учлици:
– ул.Тиквешко востание до вториот триаголник
– ул.Страшо Пинџур
– ул.Илинденска
ул.Моша Пијаде.
