Од локална самоуправа Кавадарци информираат дека утре во периодот од 7 до 14 часот раскрсницата на „Илинденска“ со улиците „Цано Поп Ристов“ и „Пано Мударов“ кај стара автобуска станица ќе биде ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕНА за сообраќај поради извршување на асфалтерски работи.

Од општината апелираат до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат времениот режим на сообраќај на оваа делница.
