
Без никакви проблеми граѓаните на Тиквешијата го остваруваат своето граѓанско право да гласаат за еден од тројцата претседателски кандидати, потврдуваат од општинските изборни комисии.
Во Кавадарци до 17 часот гласале 15.144 граѓани од вкупниот број запишани избирачи или 47,16%.
Во Неготино излезноста е близу 50% или гласале 7767 од вкупниот број граѓани со право на глас.
Највисока излезност во овој дел од државата и понатаму има во Демир Капија каде до 17 часот гласале 52,78% од запишаните избирачи 3331.
Од изборните комисии очекуваат уште поголема излезност во последните часови до затворањето на избирачките места.
Ангел Данов
