Активни четири пожари во кавадаречко

 

Сува трева и ниско стеблеста шума горат на неколку локации во кавадаречко, потврдуваат од ТППЕ Кавадарци. Пожарите се најверојатно настанати поради несовесен однос на дел од граѓаните кои палат меѓи, стрништа и растителни остатоци после кроење.

 

Пожари има над селото Ваташа, во близина на селските гробишта. Гори и во близина на Фариш и Росоман.

 

Командирот на ТППЕ Кавадарци, Александар Чадамов информира дека во Росоман пожарот е закана и за првите куќи.

 

Иако во изминатиот период се реализираа бројни превентивни акции, дел од граѓаните никако неможат да сватат дека со своите несовесни постапки предизвикуваат општа опасност по шумите.

 

Надлежните и понатаму апелираат, земјоделците да се воздржат од палење на меѓи и стрништа и растителни остатоци, како не би предизвикале пожар.

 

МЗШВ најави засилени контроли од државниот инспекторат за земјоделство токму поради зачестените пожари.
Ќе се санкционираат сите кои ќе предизвикаат пожар.

А.Д