Се проширува „Западен булевар“ во Кавадарци

Се проширува „Западен булевар“ во Кавадарци

Општината Кавадарци започна со реализација на капиталниот сообраќајно-комунален проект за проширување на делница од транзитната улица „Западен булевар“ – информираат од локалната самоуправа.

 

Станува збор за изградба на целосно нова делница со вкупна широчина од 16 метри каде се гради коловозна лента со широчина од 12 метри, како и тротоари од двете страни на улицата секој со широчина од 2 метри.

Со овој проект практично се продолжува проширувањето на оваа значајна сообраќајниц од постојното решение со истите димензии од „Новата бензинска“ сега во должина од 1 километар во правец на Росоман.

Проектот предвидува и комплетна сообраќајна и светлосна инфраструктура, со што Кавадраци ќе добие нова современа сообраќајница на влезот од северната страна од и кон автопатот кон Росоман и Скопје.