На свечена седница, синоќа, општинската организација на Црвен Крст Кавадарци ги додели јубилејните награди и признанија.
-Ова е само мало признание за најхуманите луѓе. Ваков настан ќе се организира и за крводарителите од општина Росоман, рече Димитар Каракулев, претседател на Црвен крст Кавадарци.
Тој меѓу другото соопшти и дека 1.834 крводарувања беа реализирани минатата година, со што годишниот план за дарување крв беше остварен со 155 проценти. Кавадарчани и росоманци се меѓу најхуманите во државата.
С.Д
