Државата има правен основ да го плати долгот на визбите кон лозарите

 

Државата има основ да го плати долгот што го имаат визбите кон лозарите тврди пратеникот од Кавадарци  Панчо Минов . Тој денеска на прес конференција информира дека направил проверки и сега зависи од волјата на владата дали ќе се покрие овој долг со буџетски средства.

 

„Правниот основ е во законот за земјоделство и рурален развој.  Во пратеничкото прашање посочив дека ваква пракса на спроведување на овој правен основ од законот веќе еднаш е реализирана за друга категорија на земјоделци. Испитав и во агенцијата за финансирање на земјоделците,  да во масата на средства која што е превидена во 2019 вкупно за земјоделството е предвидено и дел на средства за разрешување на овој најголем проблем на лозарите од тиквешијата“ рече Минов.

 

Тој нагласува дека е оптимист и дека владата ќе има волја позитивно да се реши повеќе годишниот проблем кој ги мачи лозарите.

 

Минов информира дека во неговото писмено прашање се осврнал и на исплатата на редовните субвенции за лозарите, но и за ветениот еден денар по килограм предадено грозје во винарските визби.

 

„ Очекувам и ги охрабрувам лозарите дека овие поставени прашања и ова мое застапување кое ќе продолжи се до решавање на проблемот, а јас сум оптимист дека одлуката ќе биде соопштена за денот на лозарите  и за исплата на редовните субвенции пред  празникот Свети Трифун,  заедно со едниот денар“ нагласува Минов./А.Д