
Интензивните снежни врнежи формираа снежна покривка од 15 сантиметри во градското подрачје , додека во ридско планинскиот дел покривката е значително поголема.
Континуирано екипи на зимската служба со целата расположлива механизација се на терен и интервенираат за расчистување на снегот.

Информациите од општината се дека до крај на денот сите патни правци кон селата од подкожувјето ќе бидат проодни. Но се препорачува без поголема потреба да не се патува.
Денеска екипи на ЈП Комуналец работеа на расчистување на снегот од градскиот плоштад и од тротоарите.
А.Д