
Зимската служба на Општина Кавадарци работи со полна пареа. Денес регионот беше зафатен од силни врнежи на снег. Измерена е снежна покривка од 90 сантиметри во с.Мрежичко и 60 сантиметри во Подкожувјето и Бошавијата.
Механизацијата работеше на расчистување на патот Бојанчиште – Куманичево и Конопиште – Лукар со што се пробива патот се со цел лесно движење и непрекинато водоснабдување од страна на ЈП Комуналец.
2 возила од Македонија пат работеа на патот Кавадарци – Мушов гроб, а 2 големи трактори со нож и соларка интервенираа на патот Мушов гроб – Мајден и на патот Мајден – Рожден.
Уште две возила на зимската служба на Општина Кавадарци работат на пробивање на правците кон Михајлово, Страгово, Крњево, Бохула, Бојанчиште, Граниково и Чемерско.
Активна е и една фреза за фрлање на снег на местата кај што има наноси од снег.
Снежната покривка на скијачкиот центар Кожув е над 1 метар. Прекрасна снежна идила