„Срце за животните“ со предлог програма за решавање на проблемот со бездомните кучиња

„Срце за животните“ со предлог програма за решавање на проблемот со бездомните кучиња
 
 
Kрајно незадоволни од досегашниот третман на бездомните кучиња во нашата општина, масовни труења, заловувања и отстранувања на кучињата од улиците без да се вратат вакцинирани и кастрирани на локациите каде за нив се грижат околните домаќинства, каде веќе има населено нови, млади исто така невакцинирани и продуктивно способни кучиња, испративме до градоначалникот на општина Кавадарци  предлог програма за решавање на проблемот со бездомните животни кој единствено води кон решавање на проблемот и најважно подигање на свеста кај граѓаните.
 
 
Програмите во тек на овој месец треба да бидат изготвени, одобрени од АХВ и усвоени на совет на ЕЛС –  се вели во писменото обраќање од „Срце за животните „Тиквеш“ Кавадарци.
 
 
Од причина што  ги имаме детектирано досегашните недостатоци на општинските програми, а воедно сме во тек со најуспешните практики на меѓународно ниво и препораките од Светската Здравствена Организација, ние во соработка со Анима Мунди и здруженијата членки на коалицијата “заедно за животните”  изработивме и  доставивме програма која може да се адаптира/надогради со спецификите на општината  и која нуди сет мерки за системско, сеопфатно и хумано третирање на проблемот. 
 
 
Мерките се усогласени со нашето закододавство и нудат трајно, економски исплатливо делување кое ќе  ја унапреди јавната безбедност и здравствената заштита на населението и ќе покаже успех во релативно кус рок, пред се ќе се стабилизира состојбата, воспостави контрола а понатаму и ќе се надмине проблемот, под услов да го регулираме и одговорното сопствеништво, т.е. спречиме приловот на нови и нови единки на улица. 
 
 
Посочуваме дека оваа Програма е за третман на бездомните животни и сите оние кои ќе се затекнат слободни на територија на општината (пуштени да лутаат од неодговорни сопственици) .
Воедно апелираме до сите сопственици на домашни миленици да поведат грижа и одговорност и своите кучиња да не ги пуштаат сами на улица. 
 
 
 Бидејќи неодговорните сопственици се причинител бр.1 за појава на нови бездомни кучиња – стои на крајот во соопштението од оваа организација.