
Советот на општина Кавадарци утре со почеток во 11 часот ќе ја одржи осмата вонредна седница.
Советниците ќе одлучуваат по одлуката за давање согласност за распределба на акомулираната добивка од минатото во ЈП Комуналец, донесена од Управниот обор на претпријатието.
На дневен ред е и одлуката за прифаќање на иницијатива за зголемување на вкупното даночно задолжување од данок на имот на физички и правни лица од Комисијата за процена на недвижен имот.
А.Д
