Реакција на адвокатот Бранко Колев по најавите за кривична од стечајниот на „Фени“

Реакција на адвокатот Бранко Колев по најавите за кривична од стечајниот на „Фени“

„Во целост се неосновани сите наводи за било какво незаконито постапување од моја страна додека сум работел за Фени индустри, или за бришење на парични средства во кое никогаш не сум учествувал“ – реагира адвокатот Бранко Колев од Кавадарци, по најавите од стечајниот управник на „Фени индустри“ дека и против него е поднесена кривична пријава поради направена штета на компанијата.