Започна новогодишното украсување на Кавадарци

Започна новогодишното украсување на Кавадарци

 

 

Општина Кавадарци започна со реализација на проектот за новогодишно украсување на градот.

Согласно програмата во предновогодишно руво со светлечки украси се украсува централното градско подрачје и улиците во него.

 

Светлечки украси ќе се постават на зградата на општината, потоа на градскиот плоштад, како и на улиците: „Илинденска“, „Тиквешко востание“, „Мито Хаџи-Василев“, и „7 Септември“ – информираат од општината.

 

Годинава општината ќе ги украси и двата кружни тека стариот кај автобуската станица и новиот кај училиштето „Гоце Делчев“.
Општината во пресрет на новата 2019 година ќе го украси и с.Ваташа каде покрај светлечки украси ќе биде поставена и елка.
Целосното украсување треба да заврши во наредните неколку денови.