
На Гинеколошко – акушерско одделение набавен е и пуштен е во употреба најсовремен Колор – доплер апарат за ултразвук.
„Истиот е опремен со вагинална сонда, потребна за посоодветно следење на бременост и дијагностицирање на болестите кај жената“ информираат од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци.
