(ВИДЕО) Мицковски на средба со членството во Кавадарци

(ВИДЕО) Мицковски на средба со членството во Кавадарци

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва е на средба со членовите на ВМРО-ДПМНЕ од општинскиот комитет во Кавадарци.

 

Во изјавата за медиумите тој рече дека за прв пат откако е претседател на партијата е во посета на кавадаречкиот комитет. На нашето  прашање дали ќе го разреши актуелниот градоначалник Митко Јанчев од членство во партијата,  избегна да даде конкретерн одговор и кажа дека не биле важни нивните меѓучовечки односи.

 

Најави дека за претседателските избори ВМРО-ДПМНЕ влегувале како фаворит, а уште еднаш обвини дека актуелната власт е виновна за прислушувањето во обвинителството.

“Сега гледаме од каде Заев однапред ги знаел пресудите“ – рече Мицковски и децидно нагласи дека одговорност за прислушувањето мора да има.

А.Д