(ВИДЕО) Ургентен центар доби кавадаречката болница

 

Ургентен центар со најсовремена опрема од денеска започна да работи во кавадаречката болница.  

 

„Ургентниот центар се состои од приемна амбуланта, во која планираме да се вршат прегледи и прифаќање на итни случаи и на пациенти кои ќе доаѓаат за време на дежурство, викенди и празници. Останатите редовни прегледи ќе се вршат во амбулантите преку мој термин“ рече директорот на болницата, д-р Диме Коцев.

 

Тој нагласува дека со отворањето на ургентниот центар пристапноста на пациентите до медицинскиот персонал е поблиска, а и побрзо ќе се врши и дијагностика. Исто така пациентите кои се хоспитализирани низ одделенијата ќе бидат порелаксирани, а ќе добијат и по адекватна помош од медицинскиот персонал на болничкото одделение.

A.Д