Собрани над 6000 потписи против изградба на цинкара – Петицијата ќе се потпишува и утре

 

Од почетокот на петицијата што започна да ја реализира еколошкото друштво „Еко живот“ од Кавадарци во соработка со невладиниот сектор, а е против изградба на цинкара , заклучно со денеска собрани се над 6000 потписи.

 

Организаторите информираат, а воедно и ги повикуваат кавадарчани во текот на утрешниот ден да го дадат својот потпис против изградбата на цинкара во Кавадарци.

 

Пунктовите каде што ќе се собираат поптписи ќе бидат поставени на влезот во градскиот пазар и на градскиот плоштад.

 

А.Д