Се пробива споредна улица на „Илинденска“ , се асфалтира „Тоде Мајсторчев“

 Поволните временски услови се идеални за реализација на предвидените активности во програмата за комунална изградба на општина Кавадарци. Од општинската прес служба информираат за активности на повеќе позиции.

 

 

 

Се работи на пробивање на споредна улица на ул.“Илинденска“ со комплетна инфраструктура, вода, фекална и атмосферска канализација со квадратура од 330 квадрати.

 

 

Исто така се работи на асфалтирање на ул.“Тоде Мајсторчев“ со што се вади стариот асфалт, се тампонира и се асфалтира на површина од 685 квадрати.