За еден месец „пајак“ ќе става ред во паркирањето во Кавадарци

 
 
 
 
     “Пајак” стигнува за околу еден месец во Кавадарци, ќе се става ред во паркирањето, најавува кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
 
Се работи на тоа поле, јавно претпријатие за паркирање во општината и изградба на две катни гаражи. Од објективни причини, генералниот и деталниот урбанистички план, досега не се изградени гаражите. Тие ќе се почнат во наредната година. Општината го обележа целокупното градско подрачје за паркирање, ќе се обележи прва, втора и трета зона, појаснува Јанчев. 
 

Градоначалникот нагласува дека засега, до крајот на годината, паркирањето нема да се наплаќа.

 

-Ќе биде тоа  пробен период од три месеци. Ќе се отстрануваат само нај ненепрописно паркираните возила. Оние паркирани на пешачки премини, во тревници и слично. Пајак службата  и јавното претпријатие ќе почнат  да функционираат најверојатно од кај средина на ноември месец. Од февруари,  март,  се очекува и целосно решавање на проблемот со паркирањето, вели Јанчев. 

 

С.Д