
На последната седница кавадаречкиот совет расправаше за проблемот со немањето доволно простор за најмладите во градинка.
Градоначалникот Митко Јанчев соопшти дека 340 дечиња чекаат ред, а за околу 170 ќе се најде место до крај на годината со доградба на објекти. За наредната година најави две градинки, од кои едната приватна.
Многу од децата, рече, додека чекаат го надраснуваат периодот за градинка.
А.Д