
На прес конференција, владиниот портпарол Миле Бошњаковски информираше дека со внимание ќе се следат лажните вести, говорот на омраза и дезинформации, кои би се појавувале за време на молкот и истите на владините канали на социјалните мрежи соодветно ќе се демантираат.
Бошњаковски апелираше до граѓаните да бидат внимателни за време на молкот и да го проверуваат изворот на секоја информација.