Приведено лице додека крадело акомулатор од трактор во Неготино

Приведено лице додека крадело акомулатор од трактор во Неготино

 

 

Утринава околу 02.00 часот при вршење позорна служба во град Неготино на улиците „Цандо Кожинков“ и „Даме Груев“ од страна на полициската патрола забележани е лице како врши кривично дело – кражба на акумулатор од паркиран трактор, при што, по интервенција на полициските службеници истиот е фатен и е лишен од слобода и приведен во ПС ОН Неготино, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.