(ВИДЕО) Амбасадорот на Холандија во посета на Кавадарци

(ВИДЕО) Амбасадорот на Холандија во посета на Кавадарци

 

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска во неговиот кабинет го прими во прва официјална посета на Кавадарци амбасадорот на Холандија Вилем Ваутер Пломп.

 

Во изјавата за медиумите Јанчев информира дека е задоволен од посетата на амбасадорот и во наредниот период ќе се интензивира соработката, а Пломп кажа дека Кавадарци е преубав град  кој има природни убавини и потенцијали за развој на винскиот туризам.

A.Д