Општа болница Кавадарци: За една година ја вративме изгубената доверба на пациентите

Општа болница Кавадарци: За една година ја вративме изгубената доверба на пациентите

 

Раководството на општа болница Кавадарци денеска преку соопштение ја информира јавноста за реализираните проекти во изминатата една година по превземањето на раководната позиција, но и за приоритетите за следниот период. Освртот е ставен на подобрувањето на состојбите во гинеколошко-акушерското одделение.

 

Веднаш по доаѓање на новото раководство се пристапи кон целосна и детална анализа како на работењето и функционирањето на целата здравствена установа, така и на секој оддел поединечно, при што беше затекната загрижувачка состојба на одделението за Гинекологија и акушерство. На одделението работеше само еден доктор специјалист по Гинекологија и акушерство, а немаше воведено и профилирани дежурсва. Со тоа полека беше изгубена довербата на пациентките и беше намелен квалитетот на здравствените услуги на истото одделение – пишуваат од кавадаречката болница.

 

Непосредно и без одлагање по вака утврдената фактичка состојба се отпочнаа преговори со Гинеколошко-акушерската клиника – ГАК во Скопје за ангажирање на доктори специјалисти по гинекологија и акушерство, врвни стручњаци во својата област. Истите беа ангажирани за вршење на здравствена дејност во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, од 01.10.2017 година. Нивниот ангажман подразбира присутност на специјалист по Гинекологија и акушерство , 24 часа дневно и 7 дена во неделата во Јавната Здравствена Установа. Со тоа се овозможи воведување на профилирани дежурства во истото одделение.         

 

Од особена важност е да се напомени круциелното значење, нужноста и неопходноста на вака превземаните мерки поради тоа што во Гинеколошко- акушерското одделение при ЈЗУ Општа болница – Кавадарци се наоѓа единствето породилиште во регионот кое опслужува граѓани од четири Општини (Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија).

Денес огромна чест и задоволство е да Ве известиме дека Одделението за Гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа Болница Кавадарци функционира беспрекорно благодарение на вака превземаните мерки и активности и се разбира благодарение на докторите специјалисти по Гинекологија и акушерство од ГАК – Скопје кои се дел од тимот при ЈЗУ Општа Болница Кавадарци.           

                       

За успешноста на мерките за зголемување на довербата во Гинеколошко- акушерското одделение при ЈЗУ Општа Болница – Кавадарци, говорат и податоците за прегледите, породувањата, интервенциите и операциите гледани во првата половина од 2018та година (01.01.2018-30.06.2018) споредбено со податоци за истиот период минатата година (01.01.2017-30.06.2017).

Податоците за Гинеколошко-акуперското одделение при ЈЗУ Општа Болница – Кавадарци се следни:

 

  1. Бројот на прегледи во првата половина од 2018-та година изнесува 1.211 прегледи, додека истиот период минатата година изнесува 941 преглед, што укажува на зголемување од 23% .
  2. Бројот на породувања оваа година изнесува 223 породувања, додека во 2017-та тој број е 207. Ова покажува зголемување на бројот на породувања од приближно 10 % во однос на 2017-та година.
  3. Бројот на извршени операции на одделението за гинекологија и акушерство изнесува 63, додека во истиот период во 2017 -та година има извршено 48 оперативни зафати, што покажува зголемување од 23 % .
  4. Бројот на интервенции во првата половина од оваа година изнесува 185 интервенции, додека во во истиот период во 2017-та година биле изведени 143 интервенции на одделението за Гинекологија и акушерство, што укажува на зголемување од 22 % во однос на 2017-та година;

Како новитет е и воведувањето на профилирани дежурства на одделението за Педијатрија и неонатологија од 01.06.2018 година, со ангажирање на специјалисти по Педијатрија од Клиниката за детски болести од Скопје. Со тоа, покрај обезбедената 24-часовна нега за родилките исто така е обезбедена и 24- часовна нега и грижа и за новороденчињата.

 

Сето претходно споменато укажува на тоа дека полека, но сигурно се враќа изгубената доверба на пациентките во одделението за Гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа Болница – Кавадарци. – стои на крајот во соопштението од Општа болница Кавадарци.