
„Оптимист сум дека винариите ќе дадат повисока цена за грозјето за разлика од минатите години. Годинава поради намалениот род на грозје сметам дека ќе има зголемена побарувачка на грозје, бидејќи и винариите немаат големи залихи на вино. Интензивно се разговара за откупната цена на грозјето да биде позната пред стартот на бербата“ – рече меѓу другото во изјава за КТВ пратеникот Панчо Минов.
Тој информираше и за текот на исплата на долговите кон лозаропроизводителите од „Повардарие“ и „Стефанс вајнари“. Според него најверојатно стечај ќе биде решението за винарија „Стегафани“, а од стечајната маса да се исплати дологот кон лозарите.
А.Д
