Ќе се чистат каналите – прекин во испораката на водата за наводнување

Ќе се чистат каналите – прекин во испораката на водата за наводнување

 

Водостопанство на Македонија, подружница „Тиквеш“ Кавадарци започнува со редовно чистење на каналската мрежа. Поради тоа се информираат сите водокорисници дека ќе има прекин во испораката на вода за наводнување.

 

„Поради редовно сезонско чистење на отворената каналска мрежа од присуство на алги и треви заради редовно и континуирано водоснабдување, коринсиците на вода   за технолошки потреби ќе немаат вода за наводнување на 26 и 27 јули ( четврток и петок) се вели во соопштението од Водостопанство Македонија, подружница „Тиквеш“.

 

За подетални информации корисниците можат да се обратат во „Водостопанство Тиквеш“ или на телефонскиот број 511-324.